Временска прогноза: Сончево, претежно тивко и релативно топло со мала локална облачност
Објавено на 29 декември, 2023 во 08:02
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/12/1901aa09-resize-820x0x100-1.jpg)
Времето ќе биде сончево, претежно тивко и релативно топло со мала локална облачност. По одделни котлини ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе слабее. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.
Во Скопје магливо и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 10 степени.
До понеделник продолжува периодот на стабилно и релативно топло време. Во најголем дел од земјава ќе биде претежно сончево, освен во сабота кога облачноста ќе се зголеми. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)