Временска прогноза: Сончево со мала до умерена облачност
Објавено: 26 септември, 2023, во 08:57 часот
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер претежно од североисточен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 18 степени, а максималната ќе достигне 30.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а температурите ќе бидат во рамките на просечните за овој период од годината.

Дума.мк



