Временска прогноза: Значително опаѓање на температурите

Објавено на 25 февруари, 2022 во 09:25

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево и релативно тивко. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Утре, сабота, во текот на денот полека облачноста ќе се зголемува и под влијание на нов влажен и студен бран кон крајот на денот и во текот на ноќта од запад и југозапад ќе започнуваат нови врнежи од дожд и снег на пониските и само снег на повисоките места и на планините.

Врнежите ќе продолжат и во недела и особено на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините истата ќе се зголеми. Локални врнежи претежно од снег ќе има и во почетокот од следната недела. Ќе биде проследено и со умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.