Времето денеска облачно и студено
Објавено на 27 јануари, 2022 во 09:22
Времето претпладне со умерена до значителна облачност, освен на запад каде ќе преовладува сончево време. Попладне облачноста ќе се намали. Вдолж Повардарието и во источните делови ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утре кон крајот на денот и во сабота претпладне претежно во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Во сабота ќе дува засилен северен ветер, што повторно ќе ја намали дневната температура. Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник.