Втори август неработен ден за сите граѓани
Објавено на 27 јули, 2021 во 13:00
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, втори август , понеделник, Ден на Републиката е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на Републиката.