Заев: Од наставата со физичко присуство нема подобра опција (ВИДЕО)
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев со видеообраќање го честиташе почетокот на новата учебна година 2021-2022 година.
Во продолжение на ова соопштение ви го пренесуваме интегралното обраќање на премиерот Заев:
„Почитувани наставници и родители, драги ученици во основното и средното образование, ви посакувам новата учебна 2021 – 2022 година да започне и да се одвива во симболиката на старото нормално. На сите првачиња и на сите родители им го честитам почетокот на најважната фаза во нивниот живот кога ќе ги истражуваат неизмерните длабочини на знаењето. Знам дека нивната љубопитност и желба за истражување ќе им донесе радост за секое стекнато знаење. Тоа е нивниот влог за успешна и убава иднина.Несомнено е дека отворањето на училиштата за настава со физичко присуство е најпосакуваната одлука за сите кои посакуваат здрав психо-социјален развој на учениците.Сите многу изгубивме изминатата година, соочувајќи се со пандемијата која го затече целиот свет.Сакам да им се заблагодарам на сите наставници, а секако и на родителите, кои се справија со предизвиците на онлајн наставата и не дозволија децата да изгубат од образованието“, вели Заев.