Запленети околу 71 кг марихуана на граничен премин Деве Баир
Објавено на 19 јуни, 2023 во 11:53
Вчера, во вечерните часови, царински службеници на граничниот премин Деве Баир спречија обид за шверц на околу 71 килограм марихуана.
Дрогата на граничниот премин Деве Баир била откриена на излез од државата, во патничко моторно возило со германски регистарски таблички, управувано од германски државјанин, со кое патувало уште едно лице. При детална контрола на возилото извршена од страна на царинските службеници, во специјално направени бункери откриени се 67 пакети опојна дрога марихуана, со бруто тежина од 71 килограм.
Дрогата и возилото се привремено задржани и од страна на Секторот за контрола и истраги од Царинската управа против лицата е поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство.
Дума.мк