Започнува масовната имунизација, дневно ќе се вакцинираат од 10.000 до 15.000 граѓани
Од денеска се очекува да почне масовната вакцинација со 200.000 кинески вакцини кои пристигнаа во петокот.
“Овие вакцини, што се веќе пакувани во шприцеви и спремни за апликација ќе бидат распределни во големите вакцинални пунктови во сите шест градови во држава и во Скопје согласно бројот на пријавени граѓани според возраста по градови, односно по региони, вакцинацијата ќе започне во вторник. Пунктовите се веќе спремни, луѓето се координираа, станува збор за здравствен кадар не само во тие градови, туку и од околните кои ќе помагаат. Некаде бројката на граѓани што ќе се вакцинира на ден ќе биде помеѓу 10.000 и 15.000 илјади“, најави Министерот за здравство, Венко Филипче.
Филипче апелираше граѓаните да се пријават на сајтот vakcinacija.mk и оттука ќе се генерираат приоритетите.
„Ќе добијат или СМС порака или мејл или двете во форма на известување и согласно тоа ќе бидат закажани во соодветен пункт во соодветно време“, изјави Филипче.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.747, бројката на оздравени пациенти е 133.871, на починати е 4.961, а бројот на активни случаи изнесува 13.915.