Зеленски откри нови детали за ужасната хеликоптерска несреќа во близина на Киев
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се огласи по падот на хеликоптер во Киев во кој загинаа најмалку 18 лица, меѓу кои и три деца. Првиот човек на државата им изрази сочувство на семејствата на загинатите и изнесе нови детали од трагедијата.
Како што изјави Зеленски, пропелерот на хеликоптерот кој се урнал паднал на територијата на една од градинките.
„Неподнослива болка. Ја задолжив Службата за безбедност на Украина во соработка со Националната полиција на Украина и други надлежни органи да ги откријат сите околности за тоа што се случи. На местото на несреќата работат сите служби. Сочувство до сите роднини и пријатели на починатиот“, рече Зеленски.
Тој додаде дека чувствува неопислива болка и дека вечно ќе се сеќава на тројцата политички другари кои загинаа при падот на хеликоптерот.
„Неопислива болка … Денис, Евген, Јуриј, тимот на Министерството за внатрешни работи … вистински родољуби. Ќе остане светла меморија! Ова црно утро им ги одзеде животите“, истакна Зеленски.
Да потсетиме, меѓу жртвите се министерот за внатрешни работи на Украина, Денис Монастирски, неговиот прв заменик Евгениј Јенин, државниот секретар на Министерството за внатрешни работи Јуриј Лубкович, нивните помошници и екипажот на хеликоптерот.
Украинскиот министер Денис Монастирски и неговите соработници, кои загинаа во хеликоптерска несреќа во регионот на Киев, беа на пат кон линијата на фронтот.
Ова го изјави заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко, посочувајќи дека целиот врв на украинското Министерство за внатрешни работи бил на пат кон „жешката точка“ на фронтот кога се урнал неговиот хеликоптер.
Авионот паднал во локална градинка, според досегашните информации, загинале 18 лица. Меѓу нив има три деца, додека 22 лица во моментов се на болничко лекување.
Дума.мк