Лозарите навалија по субвенции!

Објавено на 4 ноември, 2012 во 14:53

Над  1500 барања поднесоа заинтересирани лозари од Кавадарци и Росоман за државната субвенција од 2 денари за килограм предадено грозје во домашни винарии. Рокот истекува на 15 овој месец а интересот е голем. Како ќе наближува крајниот рок за аплицирање ќе се зголемува и бројот , рекоа од подрачната единица на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кавадарци.

 

“Се очекува околу 4 илјади лозари од кавадаречко и росоманско да побараат субвенционирање по оваа дополнителна мерка донесена од страна на Владата на Република Македонија. Со оглед на тоа што на територијата на двете општини има околу 6 илјади лозари, останатите околу 2 илјади производители на грозје најверојатно својот род го имаат извезено преку разни откупувачи на странските пазари“ вели Шалев.

Лозарите потребно е заедно со барањето да достават и оригинални откупни белешки издадени од винарските визби, а од истите да направат и фотокопија. Лозарите велат  дека им се значајни овие 2 денари за килограм бидејќи сеуште грозјето им се откупува по ниски цени кои не им ги покриваат трошоците.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.