Започнува манифестацијата „Преспански јаболкобер“
Објавено на 27 септември, 2013 во 10:02
Со традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер“ денеска во Ресен започнува берба на јаболкото. Таа ќе се одржи на овошниот насад на Агроплод.
На откинувањето на првото јаболко ќе присуствува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. Манифестацијата има голем број на културно – уметнички активности и гости од македонската естрада.
Традиционално ресенчани почетокот на јаболкоберот го започнуваат на верскиот празник Крстовден.