Временска прогноза
Објавено на 31 март, 2016 во 07:05
Во наредните денови ќе се задржи стабилно, суво и топло време. Најтопло ќе биде во петок и сабота, кога дневните температури во поголем дел од земјата ќе надминат 20 степени.
Во недела попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд, а температурата благо ќе опадне.
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температура до 24 степени.