Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

osmaniidimitrov fin

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска престојуваат во работна посета на Копенхаген, Кралството Данска, во чиј фокус е донесувањето на одлуката за датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија во октомври годинава.

Во рамки на посетата, како што е најавено, предвидени се одделни средби со министерот за надворешни работи на Кралството Данска Јепе Кофод, со главниот советник за европски прашања во Канцеларијата на премиерот, Вибеке Пастернак Јоргенсен, како и со други релевантни соговорници.

На средбите, како што информираат од владина прес-служба, Османи и министерот Димитров ќе го истакнат значењето од донесувањето на одлуката за датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија во октомври оваа година.

Детално ќе брифираат за постигнатото во реформските активности од европската агенда, за внатрешно политичките случувања, добрососедските односи, како и за состојбите во Регионот, а воедно ќе бидат разменети мислења и за билатералните односи меѓу двете земји, се вели во соопштението.

 

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново