Светски ден за подигнување на свеста за пелтачење
Лицата кои пелтечат не треба да се омаловажуваат, затоа што за нив овој проблем не претставува само нарушување на течноста на говорот, туку и бројни негативни емоции поврзани за говорните ситуации. Нивниот говор можеме да им го олесниме така што нема да го избегнуваме контактот со очите, да не поставуваме премногу прашања, да покажеме интерес и да им дадеме доволно време за одговор, односно да не ги прекинуваме и да не ги брзаме, истакнува директорката на Заводот за рехаблитација на слух, говор и глас, логопедот Силвана Филипова, по повод 22 октомври, Светски ден за подигнување на свесноста за пелтечењето.
– Пораката што сакаме да ја испратиме по повод овој ден е „обидете се да ги разберете лицата кои пелтечат. Замислете си што би ви било потребно кога би го имале тој проблем и потоа обидете се да го дадете тоа што мислите дека е потребно. Во однос на третманот на ова нарушување во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас годишно на логопедски преглед доаѓаат околу 2.300 – 2.800 лица, закажани преку матичен лекар, вели доктор Филипова.
Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден за подигнување на свесноста за пелтечењето од Заводот денеска напладне ќе постават штанд во просториите на ТЦ „Рамстор“ во центарот на Скопје каде граѓаните ќе добијат леток со основните информации за децата со пелтечење и за доаѓањето на логопедски преглед. .Сподели