Бијонсе се враќа, го објавува својот прв албум по 2016 година
Објавено на 17 јуни, 2022 во 11:35
Бијонсе се враќа со својот нов албум „Renaissance“, кој треба да излезе на 29 јуни, а е нејзин прв албум по 2016 година, објавено е на веб-страницата на пејачката.
Бијонсе досега не откриваше многу за новите албуми, па во 2013 година наеднаш објави албум кој го именуваше по себе, а во 2016 година само една недела претходно објави промотивна најава за албумот „Lemonade“.
Пејачката (40) работеше во годините меѓу албумите, соработувајќи со сопругот Џеј Зи на албумот „Everything is Love“ од 2018 година и издавајќи албум од настапите во живо и филмот „Homecoming“ следната година.
Исто така, беше прикажан нејзиниот веќе легендарен настап на фестивалот Коачела во 2018 година, кој се смета за еден од најдобрите фестивалски изведби досега.