Пијалак од јаболка кој ги топи килограмите
Објавено на 4 април, 2016 во 08:23
Пијалакот за детоксикација кој го јакне метаболизмот,помага при слабеење и ви дава доволно енергија можете да го направите за само неколку минути.
Потребни ви се две поголеми јаболка,две стапчиња цимет и еден литар негазирана вода.
Јаболката измијте ги и исечете ги на тенки парчиња. Ставете ги во шише заедно со циметот,прелијте со водата и оставете во фрижидер преку ноќ.
Овој пијалак би требало да го пиете во текот на еден ден а потоа повторно да додадете литар вода ,повторете ја постапката и утредента.
Истите состојки можете да ги користите три дена.