И птиците се додворуваат

Објавено на 1 септември, 2014 во 05:34

Многу видови птици не жалат труд за да го привлечат вниманието на партнерот. Најчесто мажјаците се додворуваат на женките.

За да привлечат внимание, мажјаците можат да играат, да пеат, да се перчат или да ги покажуваат своите шарени делови од телото.

Прикажување
Мажјаците на многу видови птици го привлекуваат вниманието на женките прикажувајќи шарени делови од своето тело. Мажјакот на рајската птица (Paradisaea raggiana) може да виси со главата надолу кога ѝ се додворува на женката.

Подароци
Мажјаците на некои видови птици го привлекуваат вниманието на женките носејќи им подароци. Мажјакот на кукавицата тркачка (Geococcyx californianus)на својата партнерка ѝ нуди гуштер, а мажјакот на долгоклунестата вртимушка (Sterna sandvicensis) на партнерката ѝ носи риба.

Градење на гнездо
Мажјаците на сениците ја привлекуваат партнерката со упадливи гнезда. Мажјакот на пругавата сеница (Amblyornis inornatus) гради копмлициран покрив од гранчиња. Тоа гнездо служи само за привлекување на партнерката. По парењето женката ги снесува јајцата во гнездо кое сама го гради.

Додворувањето на носорозите најчесто е доста проблематично. Женките се доста агресивни и реагираат кога мажјакот се доближува. Мажјакот најчесто трча по женкта или и го блокира патот и не и дава да ја напушти територијата. Кога женката е спремна за парење застанува во укочен став. Паровите кои се размножуваат остануваат заедно 5 до 20 дена пред да се разделат.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.