Ова е најдобриот бич бар во светот
Објавено на 16 септември, 2014 во 07:44
Сместен е на брегот на Карипското Море, барот Dune Preserve Beach Bar е прогласен за најдобар бич бар на светот.
Ова искуство можете да го доживеете на островот Ангвила. Станува збор за бар сместен на стари рибарски чамци украсени со школки. Сопственик е поранешен реге музичар Банки Бенкс, а е местото кое мора да го посетите кога сте на Карибите
Атмосферата е секогаш жешка – од румот, од бурните расправии со локалците, кулминира со совршеното зајдисонце и живата музика.