На Мајорка барем еднаш треба да се одмара и ужива
Постои еден стар запис кој вели: „ Ако во Средоземјето постои рај, тогаш тоа е островото Мајорка, а неговата престолнина Палма е скапоцениот камен во круната!“. Да се биде на Мајорка, најголемиот остров на Балеарскиот Архипелаг, еден од дијамантите на Шпанија, во било кој период од годината, значи да се помине низ една историја како во некаков историски спектакл. Но да се летува на еден од најубавите острови на Медитеранот значи да се има идеална комбинација каква што само може да се посака. Значи, во далечната 1960 година, Мајорка ја посетувале преку пола милион туристи, а денес близу 20 милиони, што ја сместува во врвот на светските метрополи на туризмот.
Триста сончеви денови во годината, фасцинантна природа, градови, места како да се насликани на платно, идилични селца и најмодерни клубови и кафулиња, потоа љубезно население и ритмови на летото и музиката, заводливи вкусови на храна и „сангрија“, сето тоа е само почеток на списокот во корист на Мајорка.
На Мајорка има преку 80 преубави плажи на кои за среќа не е наметнат урбаниот дух и градската шминка. И исто така за среќа, со тие плажи на газдуваат ни луксузни хотели, ни закупци, туку тие се слободни! Па така може да излезе ’најнормално‘ да се капите покрај некоја ѕвезда, позната фаца од насловните страни, или пак да пиете некое ладно пиење во кафулињата. А кога ќе се најдете овде, задолжително треба да го пробате познатото шпанско кафе со мраз, „Кортадо кон ијело“. Овде постои само еден ритам, а тоа е сонцето кое касно зајдува и жештината на која што постојано и пркоси пријатниот ветер, кој е најмногу заслужен дури и во најтоплите месеци да не морате да бидете под клима.
И колку и да лудувате под месечината со кофа сангрија, разладена со килограми мраз, од кои со долги сламки целото друштво ги пие омилените голтки, попладневна дремка „siesta“ е правило кое се почитува. На Мајорка летото го поминува и шпанското кралско семејство, во својот летниковец во летувалиштето Кала Мајор, а убавините на овој остров ги имаат маѓепсано и светските трендсетери, имотните хедонисти, но и оние кои покрај многуте убавини кои ги имаат видено, го избрале токму овој „остров со илјада лица“ да ги задоволат своето тело и сетила. Овде куќа имаат купено Мајкл Даглас и Кетрин Зита Џонс, Ана Ивановиќ, а редовни гости се и Клаудија Шифер, Борис Бекер, Михаел Шумахер…А секако дека и на тенисерот Рафаел Надал му е најубаво на Мајорка, каде што е и роден, во Манакор, вториот по големина град на овој преубав остров.
Главниот град на Мајорка е основан уште од времето на Римјаните, кои овде ги поставиле своите шатори, за потоа да ја пљачкосуваат и да владеат со неа вандалите, па под византиско го доживува процутот, за да од 707 г. па во наредните пет и пол векови со неа да владеат Муслиманите.
Балеарскиот архипелаг, освен Мајорка, како најголем остров ги има и Ибица, Менорка и најмалиот, Форментера. Ибица, белиот остров како што ја нарекуваат поради совршено белите стари куќи, со истоимениот главен град, е најомилена дестинација на младите од целиот свет, расположени за бесконечни ноќни журки, тренд сетери и светски авантуристи.
На Мајорка има преку 80 преубави плажи, но сепак се издвојуваат Кала Мандраго, Кала Дорс, Ес Тренк, Алкудиј. Затоа Мајорка треба барем еднаш да ја посетите.