Наскоро безжично напојување на мобилните
За неколку години повеќе никој нема да мора да се грижи дали со себе носи полнач за да ги наполни испразнетите преносни уреди, бидејќи тие ќе можат да се напојуваат со енергија и без жици.
Безжичната електрична енергија не е нов концепт, неа јавно ја демонстрирал пред стотина години Никола Тесла, но останала надвор од комерцијална употреба, а сега на тоа работи компанијата „WiTricity“.
„Ќе извршиме пренос на струја без никакви жици. Воопшто не можам да замислам колку тогаш ќе ни се промени животот“, вели за CNN Кејти Хол, една од раководителите во компанијата.
„Децата ќе не прашуваат ‘зошто тоа се вика безжично’,. Децата којашто ќе растат за неколку години никогаш нема да мораат да користат кали за полнење на уредите сто струја“, уверува Хол.
Тим професори од прославениот MIT развил „резонантен пренос на енергија“ при што пренесување се остварува со помош на предавателен и приемен калем кои се резонантни на иста фреквенција. Овој тим прв успеа оваа техника да ја демонстрира уште во 2007 година, што и доведе до формирање на „WiTricity“.
Оттогаш компанијата изведуваше неколку јавни демонстрации во коишто ја користеше оваа технологија за безжично да напојува разни уреди, како на пример мобилни телефони.
„WiTricity“ и другите компании кои произведуваат слична технологија сѐ уште се обидуваат да изнајдат ефикасен начин за пренесување на електричната енергија на поголеми растојанија. Безжичниот пренос на енергијата многу брзо би можел да го замени светот на калите кога проблемот на преносот на струјата на поголеми дистанци би можел лесно да се надмине. Тоа не само што би ги ослободило просторите од каблите кои сѐ повеќе пречат, туку потенцијално би можело и да го намали загадувањето.
И други компании, на коишто преносот на енергијата не им е примарна дејност го развиваат концептот за безжичен пренос. Така, јапонска „Toyota“ во февруари годинава најави дека започнала да тестира безжична станица за напојување на хибридните автомобили на кои би се полнеле возила така што би застанале над полначот кој би се наоѓал на земја.