Поканите за свеченост откриваат повеќе од настанот
Важен е самиот настан, а не луксузноста или гламурот на поканата. Верувам дека се повеќе луѓе размислуваат вака, но потсвесно секој сака уникатност и оставање впечаток на важен чин на кој претставува задоволство присутството на оној на кој ја врачувате поканата.
Поканата е гест на кој треба да се обрати внимание, но заблудите околу истата водат до одредени грешки кои многу говорат за вас. Не значи дека само скапата покана е убава и впечатлива.
Многу често скапите покани се и премногу накитени и нападни. Важно е да ја одберете поканата која вие ја сакате, а со изборот на хартијата, фонтот, бојата и текстот во голема мерка им давате до знаење на гостите за каква свеченост станува збор, формална, неформална и од колкава важност е истата за вас.
Внимавајте со немиот јазик на поканата!