Не го менувајте својот живот поради мажите
Повеќето жени за да им угодат на своите мажи и да им покажат колку ги сакаат ги менуваат своите навики и животен стил. Меѓутоа тоа е погрешно. Никогаш не смеете да се менувате заради мажот со кој сте во врска.
Кога ќе го промените начинот на своето однесување поради него, престанувате да бидете интересни и тој во вас повеќе не ја гледа девојката во која се заљубил. Понекогаш менувањето е добро, но само доколку имате лоши навики и ако партнерот е спремен да ви помогне да се ослободите од овие лоши навики.
Ако се менувате заради мажот и само вие се борите за вашата врска, тој однос по некое време станува родителски и тука доаѓа до проблеми. Немојте да ги изгубите пријателите поради партнерот. Ако тој бара да ги оставите своите пријатели со кои сте го поминале целиот живот, заради него, прво запрашајте се што добивате со тоа. Немојте да ги оставите своите акивности и хоби заради него, затоа што по некое време тоа нема да ви одговара.
Немој да си дозволувате да го прашувате вашиот партнер за секоја работа што сакате да ја направите, затоа што вие повеќе не го живеете вашиот живот, туку неговиот. Пробајте да направите некои компромиси и рамнотежа во врската, зашто на тој начин ќе ја подобрите врската, но нема да се изгубите себеси.
