Избрани имињата на трите женски лавчиња од ЗОО Скопје
Објавено на 5 јули, 2022 во 10:29
Од ЗОО Скопје информираат дека избрани се имињата на трите женски лавчиња.
-Изминатите денови добивме над 3.000 предлози за имиња на трите женски лавчиња во кутиите оставени пред влезот на зоолошката градина, но и на Фејсбук страниците на Скопје ЗОО и Град Скопје. Ви благодариме што бевте креативни и што придонесовте заеднички да ги одбереме имињата за овие три мали убавици. Внимателно ги прочитавме сите предлози и најголем број од нив беа за Луна, Ана и Хана. Да ни се живи и здрави и да не радуваат уште многу години, информираат од ЗОО, Скопје.