Пабло се врати дома: Помина 380 километри до својот дом

Објавено на 1 септември, 2021 во 14:19

Куче од Франција по име Пабло, кое се изгубило додека било на одмор со своите сопственици, се вратило во својот роден град, поминувајќи 380 километри.

Пабло се изгуби во регионот Савој. Двегодишниот ловечки териер излегол од кампот да се прошета, но не се вратил, што не беше вообичаено за него, објави „Франс Блу“.

Сопствениците го чекале со часови, а следниот ден го пријавиле неговото исчезнување, а потоа го продолжиле патувањето за да ги посетат роднините.

По неколку дена, сопствениците добиле добра вест. Имено, пријател кој бил во близина во нивната куќа во близина на Ним, на југот на Франција, им испратил фотографија од Пабло.

„Го препознав Пабло и не можев да поверувам, тоа беше вистински момент на среќа“, изјави неговиот сопственик за француско радио.

Секако, сопствениците веднаш се вратиле дома и одлучиле да му купат ГПС огрлица, објави порталот „Индекс“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.