Руските деца останаа без омилените јунаци: Компанијата „Волт Дизни“ забрани прикажување цртани филмови во Русија
Објавено: 2 март, 2022, во 11:01 часот
Дали ова оди предалеку?
Продукциската компанија „Волт Дизни“ вчера даде официјално соопштение дека ги прекинува прикажувањата на цртани филмови во Русија, вклучително и претстојната анимација на „Пиксар“, „Црвената панда“.
Причината за ваков потег е како што изјавија „инвазијата на Украина и трагична хуманитарна криза“.
Во соопштението се вели:
„Ќе носиме идни деловни одлуки врз основа на состојбата што постојано се менува. Во меѓувреме, со оглед на бегалската криза, работиме со нашите партнери од невладините организации за да обезбедиме здравствена и секаква друга помош“.
„Дизни“ е првото големо холивудско студио кое ги прекина киноприкажувањата во Русија како одговор на инвазијата на Украина. Украинската филмска академија изминатиот викенд почна интернет-петиција со која повикува на меѓународен бојкот на руската филмска индустрија.
