Најризично селфи што досега е направено

Објавено на 17 февруари, 2016 во 08:32

Група млади зависници од адреналин неодамна се искачија на врвот на еден од највисоките небодери во Кина, само за да направат селфи. „On The Roofs“ со лифт се качиле на последниот кат од кулата Шун Хинг Сквер во Шенжен и ја искршиле заклучената врата што водела до антената на врвот.

Сето ова го направиле за да се сликаат на 384 метри.

Групата „On The Roofs“ ја сочинуваат рускиот и украинскиот ентузијаст и воедно фотографи Виталиј Раскалов (21) и Вадим Макоров (25), на кои во последниот потфат им се приклучил и Иван Беркус.

Овие млади луѓе претходно „ја освоија“ и Шангајската кула, втората највисока зграда во светот, па дури и Московскиот мост во Киев.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.