Конзервирана урина од крава на полиците во продавниците

Објавено на 15 март, 2016 во 09:11

Конзервирана кравја урина се најде на полиците на продавниците за храна во Лондон и, освен за хиндуистички обреди, во Англија е дозволена и за исхрана на луѓето.

Позната како гау мутра, кравјата урина е пронајдена во неколку продавници во кои се продава исклучиво храна.

Институтот за јавно здравје сепак се изјаснило против неговата употреба во човечката исхрана, но сметаат дека нема причина да се забрани „надворешната употреба“.

„Би-би-си“ пренесува дека сите конзерви со оваа содржина се обележани со етикета на која е нагласено дека урината е наменета исклучиво за „верски цели“, но дека секако во прашање е „изборот на самиот купувач“ за тоа за која цел ќе го користи.

Следбениците на Харе Кришна кравјата урина ја користат во церемонијата посветена на раѓањето на бебињата, за да донесе среќа на целото семејство.

Цели фарми се занимаваат со конзервирање кравја урина, а побарувачка постои и од Азија каде, како што се наведува, веруваат дека оваа течност има лековити својства.

 

Извор: Плусинфо.мк

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.