Забрането за мачки! Во Израел стартуваше кучешки ТВ канал!

Објавено на 11 март, 2013 во 09:20

Неактивно куче оставено само дома може да направи хаос, како што сведочат сите оние што се вратиле од работа и си ги проначле влечалките раскинати.

Израелска кабелска телевизија се нафати да го реши проблемот со милениците на кои им е  здодевно со емитување канал наменет само за кучиња.

Кучешката телевизија која за првпат почна да се емитува минатата година  во САД, сега се најде на израелските екрани.

Телевизијата е наменета за кучиња оставени сами дома и емитува комбинација на музика и специјални бои што кучињата можат да ги видат.

Програмата која во Израел се емитува на Канал 39, пред една година започна во Сан Диего и денес е присутна насекаде во Калифорнија.

Сите програми на кучешката телевизија се со должина од 6 минути и се научно дизајнирани да обезбедат стимулација, чувство на среќа и удбност за кучињата кога се оставени сами.

Директорот на Кучешката телевизија Гилад Њуман вели дека кучешкиот канал цели кон намалување на анксиозноста, осаменоста и чувството на напуштеност од кои кучињата страдаат кога сопствениците ќе ги остават сами./Н.Р

Извор: The Independent

 


Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.