Итно е потребен доктор за чоколада
Објавено на 18 август, 2014 во 06:31
Универзитетот Кембриџ во Лондон за докторантите распиша конкурс за „најслатката работа на светот“ – истражување на чоколада, објави Асошијајтед прес.
Целта на истражувањето е изнаоѓање начин на кој на температура повисока од 34 степениќе може да се спречи топењето на слатките од чоколада.
Доколку идниот докторант истражувач на Кембриџ го открие тоа, десетте најголеми компании за производство на чоколада ќе добијат можност уште повеќе да го зголемат профитот од лани кога изнесувал 85 милијарди долари.
Можност да ја добијат „најслатката работа на светот“ немаат докторантите од земјите кои не се членки на ЕУ бидејќи конкурсот е отворен исклучиво за граѓаните на Унијата.
