Пет митови за вселената во кои не треба да се верува
Понекогаш со научно-фантастичните филмови имаме погрешна претстава за вселената која се уште е една од најголемите мистерии за човештвото.
1. Ќе експлодираме во вселената
Честопати режисерите не се загрижени поради погрешните факти што ги претставуваат во филмовите. Тие си земаат за слобода да прикажуваат сцени кои на публиката им изгледаат интересни. Но, едно е сигурно, одење во вселената без соодветна облека сигурно ќе нè убие. Човекот без заштита може да издржи околу половина минута без трајно оштетување. Причина за смртта најверојатно би било недостаток од кислород, а не експлодирање на телото.
2. Венера и Земјата се слични планети
Честопати Венера се споменува како планета која е слична со Земјата, но тоа не значи дека е идентична. Површината на Венера е многу смртоносна за луѓето.
3. Сонцето е огнена топка со жолта боја
Всушност, Сонцето сјае, а не гори. Топлината што ја создава е резултат од нуклеарни реакции кои се одвиваат во неговата внатрешност. Причината поради која ја гледаме жолтата боја е нашата атмосфера. Вистинската боја на Сонцето е белата боја.
4. Постои темна страна на Месечината
Идејата дека Месечината има темна страна која постојано е во мрак не е точна. Месечината е секогаш свртена со истата страна кон Земјата што не значи дека другата половина е во мрак.
5. Звуци во вселената
Вселената нема атмосфера што значи дека звучните бранови немаат низ што да патуваат. Ова не значи дека на другите места во универзумот нема звуци. На места каде има атмосфера ќе има и звук. На Марс, на пример, звукот би бил со повисок тоналитет.