Направете сами домашен омекнувач за алишта!
Објавено на 17 септември, 2014 во 07:27
Ова е наједноставниот и најповолниот омекнувач за алишта:
– еден филџан регенератор за коса
– три филџани топла вода
– еден филџан бел оцет
– неколку капки етерично масло по желба ( лаванда, роза, портокал…)
Подготовка:
Балсамот за коса ставете го во поголем сад, па постепено додавајте топла вода, постојано мешајќи додека состојките не се соединат. Потоа додадете го белиот оцет и неколку капки етерично масло. Мешавината чувајте ја во затворен сад (на пример мала стаклена тегла). За секое перење користете ¼ филџан.