Вашиот омилен пијалок зборува за Вашиот карактер
Начинот на размислување и однесување многу откриваат за карактерот на некоја личност, но дури и омилената пијачка може да каже каков е човекот што ја пие. Во овој интересно-духовит „хороскоп“ на алкохолни пијалоци, може да прочитате што кажува вашата омилена пијачка за вас и вашиот карактер.
Прочитајте што значи ако омилениот пијалок ви е вотката, абсинтот, вискито или пак ракијата.
Вотка
Ако ја одберете оваа пијачка додека сте со друштвото во кафуле, постојат три причини за тоа:
1. Првпат пиете жестоко и не сакате ништо со некој специфичен вкус
2. Не ги познавате останатите пијачки, а вотката ви звучи познато
3. Имате руски корени и сакате тоа да го покажете
Бурбон
Секогаш знаете да цените напорна работа, а кога сакате некого, тоа го правите до максимум. Ако нешто не е во ред, нема да молчите и гласно ќе го кажете тоа што го мислите.
Џин
Лесно се вклопувате во било кој тип на друштво и секогаш ќе најдете барем една личност со која можете да зборувате. Пролетта ви е омилено време од годината бидејќи тогаш сѐ се буди и придвижува.
Ирско виски
Вие сте човек кој сака забава и отпуштање, а поради тоа сте омилена личност во друштвото. Забавни сте и отпуштени, па вашите пријатели често ве канат на дружење.
Текила
Ако некој ви каже дека омилениот пијалок му е текила веднаш помислувате дека е емотивно нестабилна личност. Но, ако некој ви каже дека омилениот коктел му е маргарита (кој се прави со текила) веднаш помислувате дека тоа е личност што сака да ужива и да се релаксира и да танцува салса. Тоа се тие парадокси.
Скоч
Луѓето кои сакаат скоч во младоста ги исполнувале сите обврски, ги читале сите лектири и биле многу вредни. Знаете дека да се забавувате, но само откако ќе ги завршите сите задачи. Пријателите ве ценат и ако им треба совет за нешто, прво ќе ве побараат вас, пишува Huffington post.
Абсинт
Луѓето на кои апсинтот им е омилена пијачка ја сакаат поезијата и импресионизмот во уметноста. Омиленото годишно време им е она во кое најмногу врне. Или тоа или имале луда забава со оваа пијачка за време на Апсолвентската во Прага, па сакаат „зелената самовила“ повторно да ги врати во младоста.
Коњак
Луѓето што преферираат коњак, особено некој од поскапите, сакаат да им стават на знаење на останатите дека се отмени и фенси. Еден „Наполеон“ за вас, господнине.
Рум
Секогаш расположени за танцување, луѓето што пијат рум го преферираат летото и сите работи што одат со тоа годишно време: апостолки, малку облека, плажа и свежо овошје. Пријателите знаат дека ги очекува поинаква забава покрај вас.
Ракија
Ако ракијата ви е омилен пијалок тоа, без дилема, кажува две работи: потекнувате од Балканот и секогаш сте расположени за добра забава до крај.