Живот може да постои на темната страна на „синхроните“ планети
Сличните на Земјата екстрасоларни (екзопланети) планети, свртени кон светлата и секогаш кон таа страна, може да бидат погодни за некој облик на живот, ако и нивната темна страна биде „подзагреана“ од струите во нивните океани, сметаат научниците во статијата објавена во магазинот Proceedings of the National Academy of Sciences.
Последната деценија планетолозите открија неколку илјади екзопланети, вклучително и десетици ткн „суперземји“ и близначки на Земјата. Повеќето од нив орбитираат околу темните и студени џуџести ѕвезди. Благодарејќи на силите на привлекувањето пленетите ротираат околу својата оска синхронизирано со нивното движење по орбитата, поради што тие секогаш се свртени кон едната светла страна. Поради големата разлика во температурите на светлата и на темната половина, тие се сметаат за несоодветни за започнување и одржување на животот.
Ху Јунјун и Јан Цзјун од Пекиншкиот универзитет сметаат дека тоа воопшто не е така, и нудат појаснување за тоа како топлината може да се разменува меѓу хемисферите на планетата. Притоа тие користеле климатски модел, опишувајќи го дејствувањето на океаните и атмосферата на таквите екзопланети, којшто е направен врз основа на информациите добиени при набљудувањето на планетата означена како Gliese 581g.
Научниците сугерираат дека на таква планета може да постои глобален океан според површината и обемот сличен на светскиот океан на Земјата. Раководени од оваа идеја, тие спровеле низа симулации на климатските промени врз виртуелната „близначка“ на Gliese 581g, менувајќи го нивото на јаглерод диоксид во атмосферата.
Се покажало дека и при многу ниски концентрации на јаглерод диоксид во воздухот и на поголема оддалеченост од црвеното џуџе, течниот океан уште може да постои на темната страна на планетата Gliese 581g. Причината за тоа, според кинеските планетолози, е што преку струењето во глобалниот океан низ планетата се пренесува топлина од екваторот кон дневната страна на „темната“ половина“.
Таквиот или сличен механизам, како што сметаат научниците, ќе создаде доволно поволни услови за зародиш на живот на таква планета. Оттаму, тие предлагаат да се развијат методи коишто ќе овозможуваат пронаоѓање океани на таквите планети.