Како да се справите со прашината во домот
Слоевите ситни честички на облеката и мебелот, познати како прашина, се најголем непријател во нашиот дом. За да чистењето на правот во домот биде што поефикасно, искористете ги овие пет едноставни трикови кои навистина помагаат.
Направете провев
Кога чистите со правосмукалка ја собирате прашината од подот и теписите, но на сончева светлина јасно се гледа дека сепак се присутни честичките прашина. За да го спречите тоа направете провев, или пуштете ја климата на функција вентилатор. Тоа ќе ги издува и исфрли ситните честички од вашиот дом.
Направете антистатички крпи за прашина
Во половина шоља топла вода исцедете два лимона и додајте три лажици маслиново масло и добро измешајте. Исечете неколу памучни крпчиња (од некоја стара маица) и ставете ги во садот со мешавината. Поклопете го садот и оставете крпите да отстојат околу два часа. Потоа исцедете ги и оставете ги да се исушат, а кога ќе бидат целосно суви подготвени се за употреба. Вака подготвените крпи ќе ја соберат целата прашина. Перете ги рачно и повторете ја постапката после три користења.
Темелно исчистете ја правосмукалката
Еднаш месечно направете генерално чистење на правосмукалката. Заменете го филтерот и со влажна крпа избришете ги сите внатрешни делови кои можете да ги допрете.
Користете ефективни средства за чистење
Клучот при чистењето на прашина не е во тоа да ја расеете низ просторијата, туку да ја соберете и отстраните. Во сад со половина литар млака вода ставете неколку капки етерично масло по желба (лаванда, мента, цитрусно овошје…) или маслиново масло. Потопете ја памучната крпа, добро процедете ја, и со неа пребришете ги дрвените и пластичните површини. За стакло користете мешавина од вода и оцет.
Исперете ги теписите
Теписите се главните собирачи на прашина и затоа е многу важно темелно да ги чистите. Правосмукалката само површински ќе ја отстрани прашината, затоа еднаш годишно исперете го тепихот.
