Дали правилно јадете овошје?

Објавено на 25 јуни, 2021 во 10:44

Природно е и здраво, полно со витамини, антиоксиданти и растителни влакна – ако случајно не знаевте, овошјето е одличен избор за вас, но само ако го консумирате правилно.

Убедени сте дека сите овошја се исти

Не можете да изберете меѓу чинија ананас и чинија боровинки? Иако ананасот и боровинките се одличен извор на витамини, ананасот содржи многу фолати и витамин Б6, додека боровинките се полни со растителни влакна и витамин Ц, сепак многу се разликуваат во процентот на јаглехидрати, шеќери и влакна. Најдобар избор е овошје што содржи најмногу полифеноли, хемиски соединенија кои се одлични за лекување воспалителни процеси како и низок гликемиски индекс.

Kога станува збор за кората кај овошјето, таа е најдобриот дел од него. На пример, кај јаболката е богата со витамини А и Ц, а некои истражувања откриваат дека јадењето кора од овошје може да ги намали ризикот од рак и дебелеење. Секако, ако не знаете дали овошјето што го купивте е прскано, подолго мијте го и оставете го да покисне во сад со вода, барем половина час пред да го јадете.

Не ги приспособувајте порциите според нивото на глад

Иако парче овошје само по себе е подобар избор од парче чоколадо, сè уште постои шанса шеќерот во крвта нагло да се покачи, а потоа да падне. Ако на овошјето му додадете малку протеини, на пример парче сирење или малку јаткасти плодови, лесно ќе го решите овој проблем. Овошјето ќе го зголеми нивото на инсулин, а протеините ќе го намалат нивото на глукагон, а тоа е важно бидејќи овие два хормона заедно работат на стабилизирање на нивото на шеќер во крвта.

Пиете овошни сокови и јадете суво овошје

Овошните сокови без разлика дали сте ги купиле во продавница или сте порачале во кафуле, не содржат еден од најважните делови – влакна. Тие го забавуваат ослободувањето на гликоза во крвотокот, поради што е многу подобра опција да го изедете овошјето. Исто така, можете да го подготвите во смути, бидејќи во тој случај сите нутриенти ќе останат во него.

Исто како со овошните сокови, можете да претерате и со сувото овошје. Избегнувајте го, освен ако не сте го подготвиле сами, бидејќи купечкото содржи многу конзерванси и дополнителни шеќери.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.