Детали без кои што нема да можете ова лето
Фустанот со пердуви е сам по себе изјава парче и е идеален за свечени настани и пригоди. За полежерна варијанта, горниот дел поклопете го со пердуви и фармерки, а косата подигнете ја во реп или пунџа, за акцентот да остане на пердувите.
Досега видовме пердуви на свечена облека, но оваа сезона мотивот на пердувите можеме да го најдеме и на горните делови кои одлично одат со фармерки како и со здолништа, кошули, палацо панталони, но и фустани. Пердувите се раскошен детал, кој изгледа одлично во свечени варијанти, но и во лежерни варијанти.
Фустан со пердуви е многу лесен за комбинирање. Тоа е изјава само по себе па нема потреба да додавате повеќе модни додатоци.Идеален е за свечени пригоди како свадби или настани, а можете да ги најдете во многу бои. Во него нема да останете незабележани.
Фустаните со пердуви обично подобро одат со додатоци во поладна палета на бои, изберете сребрени чевли и накит, па дури и проѕирни или бели потпетици. Кендал Џенер исто така сака да носи фустан со пердуви.
Што се однесува до шминката и фризурата, за поелегантна верзија, кренете ја косата во опавче или пунџа, за акцентот да остане на пердувите. И слободно играјте си со шминката, но внимавајте да не претерате.
Здолништата со пердуви одлично се комбинираат со бела маичка, топ или едноставна кошула.
Доколку не сте љубител на фустани, изберете варијанта на лежерен сатенски костум со пердуви за ноќни излегувања.