Идеја за здрав летен ручек
Состојките за ова јадење се едноставни и бескрајно флексибилни. Потребна ви е само свежа зелена салата, неколку парчиња крцкав зеленчук, едно зрело авокадо, фета или козјо сирење, јаткасти плодови или семки по ваш избор и некој брз прелив со сок од лимон. Потоа само испржете неколку парчиња лосос, фрлете ги во салата и вашиот ручек е подготвен.
Потребни состојки:
– 1/2 кг лосос (исчистен)
– ситна морска сол и свежо мелен црн пипер
– лажица маслиново масло
– 2 грста свежа рукола
– голема црвена пиперка, исечкана на парчиња
– краставица, исечкана на парчиња
– помал црвен кромид, тенко исечен
– 2/3 шолја потпечени семки од тиква, бадеми или ореви
– 1/2 чаша распарчено фета сирење
– авокадо
– лимон
Начин на подготовка:
Зачинете ги лосос филетите со малку сол и бибер. Во голема тава на загреано маслиново масло ставете ја рибата и пржете околу 3-4 минути или додека не порумени. Свртете и печете ја од другата страна уште 2-4 минути, додека лососот не се „распаѓа“ кога ќе го допрете со вилушка. Времето на печење ќе зависи и од дебелината на лососот. Во поголем сад измешајте ги руколата, пиперката, краставицата, црвениот кромид, семките, фетата и рибата. Прелијте го преливот рамномерно, а потоа нежно промешајте за да се соедини. Послужете веднаш со исечкано авокадо и посипете ги семките одозгора.