Претставен новиот Iphone SE
Објавено на 22 март, 2016 во 07:35
Аpple го претстави новиот iPhone SE, најевтин во историјата на компанијата. Неговата цена изнесува 399 долари за моделот 16GB, односно 499 за моделот 64GB. Освен новиот уред, компанијата претстави и други нови производи.
Главниот акцент на конференцијата беше новиот iPhone, кој ќе биде во 4 бои (сребрена, сива, златна и розова) и со идентични перформанси како iPhone 6S. Смартфонот има камера од 12 мегапиксели, TrueTone Flash и силен A9 процесор.
Кон крајот на мај уредот ќе биде достапен во повеќе од 110 земји, пишува Mashable.