И Гугл ги обожува приказните…
Објавено на 20 декември, 2012 во 10:31
…особено ако се од браќата Грим.
Денес своето лого им го посвети токму нив, на браќата Грим, со обележувањето на 200 години од издавање на книгата “Детски и семејни приказни”.
До денес книгата “Детски и семејни приказни” на браќата Џејкоб и Вилјам има доживеено безброј светски изданија, а преведена е на околу 170 светски јазици.
Меѓу прикзазните од браќата, превземени од германски народни раскажувачи, најпознати се светските бајки како “Пепелашка”, “Мачорот во чизми”, “Снежана”, “Ивица и Марица” и многу други кои Disney дополнително ги популаризираше.