Сите дилеми за трајна ласерска депилација!

Објавено на 4 јануари, 2013 во 11:01

Уморни од восокот и од раните направени од бричење?

За вас најдобро решение е трајната ласерска депилација! Што треба да знаете за овој метод на отстранување на влакната? Дума.мк за вас издвои 10 основни факти што треба да ги знаете пред да се решите да го направите овој чекор…

 

Трајна е.  Ласерот ги отстранува влакната од коренот и за некое време тие престануваат да растат. Сè додека влакната се темни, можат да се отстранaт од сите области на телото. На нозете, бикини зонатата, под пазувите.

Нема веќе поткожни влакна.  Ласерот ги убива бактериите и помага во лечењето на поткожните влакна. Кажете збогум на иритациите на кожата. Ласерската депилација не ја иритира кожата, но сепак, неколку часа по третманот, кожата ќе биде малку румена.

Кожата е многу мазна. Депилацијата со восок може да предизвика фоликулитис – бледо црвени области со акни. Ласерското отстранување го прави спротивното, дури може и да излечи фоликулитис.

Долгорочна заштеда.  Иако третманот ласерска депилација е поскап од на пример египетската депилација, долгорочно ќе заштедите повеќе од 50 отсто.

Ласерската депилација ја отстранува пигментацијата. По ист принцип како со влакната, штом пигментот е поизразен (потемен), повеќе топлина од ласерот се апсорбира на тоа место и дамките исчезнуваат. Сепак, не можат сите дамки еднакво добро да се отстранат на овој начин, па доколку тоа ви е целта, предходно посоветувајте се со дерматовенеролог.

Не боли (премногу). Чувството е како некој да ве боцка со остар предмет.

Едноставно и ретко одржување (на хигиена). По почетната низа третмани (секои 6 недели, така 6 до 9 пати), на повеќето луѓе им е потребен само по еден третман на половина година само да ги отстранат залутаните влакна.

Не ја оштетува кожата. Депилацијата со восок може да ја влоши ситуацијата со проблематичните вени, но ласерската депилација се прави така што делува само на влакното, а не на околните пори и ткива на кожата.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.