Нова револуција:Таблет како хартија!

Објавено: 9 јануари, 2013, во 09:32 часот

Наместо користење на неколку апликации или прозорчиња на еден екран, корисниците на располагање имаат десет или повеќе интерактивни прикажувања наречени „PaperTabs“ од кои секој е различна апликација.

– Користењето на неколку Paper Tabs ја прави лесна работата со повеќе документи – изјавил Роел Вертегал од Human Media Lab на Универзитетот Квин.

На пример, PaperTab на корисникот му овозможува да испрати фотографија со едноставен допир на една PaperTab страна која прикажува маил со друг PaperTab кој прикажува слика. Потоа фотографијата автоматски ќе биде прикажана на маилот на кој планирате да ја испратите. После тоа, едноставно ќе го свиткате горниот врв на екранот за да го испратите маилот.

Бидејќи PaperTabs се интерактивни, тие може да се комбинираат, односно да споите една со друга за да добиете поголем приказ на сликата.

Компанијата Intel тврди дека оваа технологија може целосно да ги замени традиционалните екрани.

– Во рок од пет до десет години, повеќето компјутери ќе изгледаат и ќе ги чувствуваме баш како овие листови хартија во боја – изјавил Рајан Бротман, научник во Intel.

Произведувачите тврдат дека овие екрани целосно ќе ја заменат хартијата. PaperTab може да чува и прикажува илјадници документи и повеќе нема потреба за монитор и еден куп хартија за печатење.

Прототипот на екранот со големина од 10.7 инчи кој користи процесор Intel Core i5 втора генерација, ќе биде претставен кон крајот на оваа недела на Consumer Electronics Show (СЕЅ) саемот.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=81iiGWdsJgg{/youtube}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.