Зошто плачеме кога сме среќни?
Плачењето не е резервирано само за тажни моменти. Иако не толку често, но луѓето со солзи ги изразат своите емоции и кога се среќни.
Она што е досега познато е дака солзите, без оглед на тоа дали плачеме од среќа или поради некој тажен настан, секогаш се поврзан со некој или нешто што го сметаме за важно.
Солзите радосници се веројатно израз на социјалната кохезија. Кога ќе ни потечат солзите низ лицето, тие го привлекуваат вниманието на другите, блиски луѓе, кои често сакаат да ни помогнат во решавање на проблемот или да учествуваат во нашата среќа.
Многу психолози истaкнале дека без оглед на тоа што плачеме од радост, секогаш со тие солзи се “меша” и малку тага. Тие го наведуваат примерот за солзите радосници кога некоја наш близок ќе застане на “лудиот камен”. Сметаат дека покрај тоа што сме среќни, истовремено сме и загрижени за насоката во која ќе продолжи да се одвива нивниот живот.
Бројни истражувања покажале дека солзите радосници, за жал, се помалку од оние кога плачеме за некои негативни чувства. А исто така се покажало и дека некои луѓе ретко или дури и никогаш не плачеле.
Ако припаѓаат на онаа група на луѓе на кои и најмалите детали “може да предизвикаат ” солзи во очите, единственото нешто што можете да направите е постојано да си носите марамче со себе.