Oсвежете се во летните горештини: Пијалак од нане и лимон за рамен стомак

Освен што е совршен летен пијалак, чајот од нане е совршен сојузник во борбата со килограми и за одржувањето добра линија.
Пеперминтот што го содржи, го смирува стомакот, како и нервниот систем и релаксира, па со сигурност ги отстранува надразнувањата на стомакот како и сите тегоби со дигестивниот систем – гасови, надуеност и слично.
Состојките за овој освежителен пијалак се еден литар вода, 3-5 вреќички чај од нане (или 3-4 гранчиња свежо нане), малку сок од лимон и една рака мраз. Водата сварете ја и додајте го чајот од нане, па додека е топол засладете го со малку мед или стевија. Потоа оставете да се излади на собна температура, па подоцна преточете го во стаклен сад и нека стои во фрижидер. Пред служење додајте му сок од свежо цеден лимон или лимета, па послужете го во чаши со коцки мраз и резанка лимон.
