Мајката е најискрено друштво за шопинг а мажите најлошо!
На жените омилен партнер во шопинг им е најдобрата пријателка а најлош сопругот или момчето. Сепак жените кои дадоа искрен одговор, над 70 отсто, рекоа дека најмногу им веруваат на своите мајки чиј совет е пресуден кога е во прашање изгледот и облеката покажала студијата на британскиот трговски ланец The Chimes во која учествувале над 2000 жени.
Повеќе од две третини од нив подобро би ја прашале мајка си отколку својот партнер „изгледам ли дебела во ова“, бидејќи сметаат дека нивните појаки половини тоа прашање ќе го доживеат како трик и ќе им одговорат неискрено,пишува Дејли Мејл.
Повеќе од 56 отсто од испитаничките веруваат дека партнерот барем еднаш би им рекол „добро ти стои“ иако тоа искрено не го мисли. Затоа мајките се најдобар избор за искрено мислење, но не и најдобро друштво за шопинг, бидејќи сакаат да го наметнат своето мислење.
За шопинг, најдобрата пријателка, би ја повикале над 22 отсто од жените додека поголем дел од нив го избрале сопругот или момчето за најлошо друштво за купување, објавија истражувачите.
-„ При шопинг жените најмногу го почитуваат мислењето на друга жена. Исто така мајките се тие од кои искрено ќе им кажат што најмногу им одговара“,изјави портпаролката на истаражувањето, Дона Ватсо.