Како вашето цвеке да остане подолго свежо?
Добивте убав букет и одма го ставивте на видно место така што секој пат кога ќе го погледнете предизвикува насмевка на вашето лице. Сепак цвеќето не може да остане долго свежо.
Еве неколку корисни совети за да ја задржите неговата свежина.
Пред да го ставите цвекето во вазна ,се сече стеблото косо. Направете го тоа со ножици за во дворот или кујнски нож.
Во вазната со вода ставете 2 лажици оцет и 2 лажици шеќер и на тој начин вашиот букет ке остане подолго убав како првиот ден.
Во вазната исто така можете да ставите аспирин кој што предтходно сте го раствориле ,но исто така можете да употребите и сода бикарбона.
Водата во вазната менувајте ја секој втор ден за да не дојде до затнување на порите на стеблото.
Како пупките од цвеќето да останат подолго свежи? Откинете ги листовите од цветот, ама полека, внимавајте да не го оштетите стеблото.