Јагоди за вашето лице!

Објавено на 21 мај, 2013 во 08:30

Со оглед на тоа дека почна сезоната на јагоди освен за јадење можете да ги искористите и за третмани за убавина. Еден од нив е да направите маска за лице.

Оваа маска можете многу едноставно да ја направите сами во вашиот дом а таа ќе ви овозможи здраво и убаво лице.

Јагодите се богати со витамини кои ќе ја нахранат вашата кожа. Се што ви е потребно за оваа маска се јагоди и мед.

Состојки :

Пет поголеми јагоди

Една или две лажици мед

Подготовка :

Згмечете ги јагодите со вилушка и измешајте ги со медот. Оставете ја маската 10-15 минути (понекогаш и цели 30 минути) и измијте ја со нежни кружни движења.

Оваа маска ви овозможува пилинг дејство а овошните киселини и витамини во комбинација со смирувачки и омекнувачки својства на медот ви даваат инстант сјај.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.