Се облекуваат без раце: „Nike″ произведе паметни патики (ВИДЕО)

Објавено на 4 февруари, 2021 во 09:11

Nike Go FlyEase 2021

04.02.2021

Факт е дека сите понекогаш имаме проблем „лесно“ да облечеме чевли или патики, па затоа прибегнуваме кон разни методи и помагала за да го олесниме процесот на ставање чевли. Nike изгледа се реши да му стави крај на овој проблем.

Имено, Nike дизајнираше модел на патики наречен Go Flyease, кои се направени така што ќе можат да се носат без употреба на раце.

Она што е интересно е дека необичните патики пристигнуваат во време кога луѓето се обидуваат да допрат што е можно помалку работи, поради пандемијата. Коронавирусот ја оживеа побарувачката за удобни обувки, додека изгледот на обувките станува сè помалку важен – доказ за тоа се, на пример, обувките Crocs.

Моделот Nike Go Flyease има уникатни карактеристики, вклучително и специјален каиш што служи за „прицврстување“ на патиката наместо врвки. Кога ќе ги облечете, треба само да ја турнете ногата во патиката и тоа е тоа. Отстранувањето се прави со стапнување на петата со една нога и влечење – она ​​што нашите родители нè предупредуваа со години да не го правиме кога ќе се соблечеме.

Патиките ќе бидат во продажба од 15 февруари по цена од 120 долари за членовите на страницата Nike. За поширокиот пазар, тие се планираат за подоцна оваа година.

Лансирањето на новите патики најпрво на нејзината веб-страница се вклопува во новата стратегија на брендот Nike – која се заснова на продажба на производи директно на потрошувачи, а не преку посреднички продавници.

Компанијата во декември објави дека нивната продажба преку Интернет се зголемила за 84 проценти во последниот квартал, бидејќи многу луѓе ги замениле своите чевли со поудобни варијанти на обувки.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.