Ве мачи несоница? Еве неколку предлози за чај и навики пред спиење за полесен сон!
Ако се борите да заспиете секоја вечер, можеби е во прашање нешто од вашата рутина што ве „спречува“ да заспиете?
Со едноставни предлози за топли напивки пред спиење, нутриционистите ќе се обидат да ви помогнат да склопите очи побрзо. Нутриционистите долго време фалат одредени состојки од билните чаеви, поради нивнте смирувачки и релаксирачки својства.
„Доколку го заmeните кофеинот со специфичен билен чај, можете за многу кратко да заспиете“, вели нутриционистката Роси Милен.
За подобро да спиете, мора да исклучите кофеин од дневниот внес и да се одлучите за едноставен, а смирувачки чај како на пример од липа или камилица.
Чајот го инхибира мелатонинот во мозокот, хормонот кој ни помага да заспиеме. Конкретно, чајот од камилица содржи апигенин, антиоксидант кој се врзува за одредени рецептори и може да ви ја намали несоницата.
„Поради оваа причина, овој чај е многу смирувачки“, изјави таа за „Сан“.
Освен во камилицата, апигенинот може да се најде во магдоносот и целерот, иако овие билки не се баш вкусни како камилицата.
Се вели дека апигенинот делува така што се врзува за рецепторите на мозокот, што пак се смета дека помага во намалување на чувствата на анксиозност – помагајќи ви да „клапнете“ и полесно да спиете.
Друг доктор, Каран Рајан објасни дека не треба да се пие кофеин барем десет часа пред спиење. Тој вели дека на нашето тело му се потребни барем неколку часа за да го исфрли кофеинот од системот и да ги елиминира ефектите на будност.
Кофеинот е стимуланс, и затоа е најдобро да се пие наутро, за да можеме да се „разбудиме“ пред да почнеме со работа. Исто така треба да се избегнуваат енергетски пијалоци, безалхолони пијалоци кои содржат интензивни шеќери и густи сокови.
Експертот за чај, Бетан Томас, кој има и диплома за наука за чај од Универзитетот Фуџиан, рече дека една шолја чај може да помогне на многу различни начини. Според него, најважно е пред да се консумира чајот е да се дише мирно и длабоко и да пробаме ритуалот на легнување во кревет да ни биде релаксирано, без дразби како светлина, телефон во рака или музика.
Дума.мк