Откажете го пушењето само со две вежби

Објавено на 25 јануари, 2016 во 07:12

Вежбите за дишење не се изум на модерната медицина. Помагаат за правилно развивање и ги тренираат органите за дишење и чистењето на организмот од несаканите ефекти на пушењето.

По овие вежби, желбата за пушење целосно исчезнува.

Вежба 1

Кога ќе почувствувате силна желба за пушење, излезете на свеж воздух. Исправете се и опуштете се. Вдишете воздух со полни гради и задржете го во себе околу 3-5 секунди. Потоа полека издишете. Повторете ја оваа вежба 10 пати. По ова може да почувствувате лесна вртоглавица која е поврзана со заситеноста на мозокот со кислорад. Главен резултат е тоа што желбата за пушење полека исчезнува.

Вежба 2

Полека вдишете воздух низ нос и малку побрзо издишете. Почнете да ја правите полека и посепено зголемувајте го темпото. Во еден циклус направете 30 вдишувања и издишувања. По секој циклус правете по 1 минута пауза. За да го добиете резултатот, повторете ја вежбата 5-6 пати.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.