Храна богата со цинк – спас од многу болести!
Недостатокот на цинк во телото може да биде причина за широк спектар на хронични заболувања од кои човекот страда како што напредува во возраста – рак, срцеви болести, автоимуни заболувања или дијабетес, се вели во статијата објавена во Journal of Nutritional Biochemistry.
Цинкот учествува во контролата на воспаленијата, кое се смета за една од основните причини за појава на многу заболувања. Лошата исхрана и неспособноста на организмот да го апсорбира цинкот со одминување на возраста често води до дефицит на тој минерал, тврдат научниците од Универзитетот во Орегон.
Овој дефицит води до нарушување на ДНК и до системско воспаление, кое се поврзува со развивањето на повеќе дегенеративни заболувања. За жал, досега не е испитано ова дејство и штетите предизвикани од него не можат точно да се дефинираат.
Научниците препорачуваат луѓето во напредната возраст да примаат цинк како додаток на исхраната, но со тоа да не се претерува затоа што високото ниво на цинк во организмот ја намалува апсорбцијата на другите хранливи состојки, како железото и медот, и може да нанесе значителни штети на здравјето.
Во што има најмногу цинк: морски плодови, рак, семки од тиква црн дроб, говедско месо, темно чоколадо и какао, јагнешко месо, кикирики.
